Галуп: Поголем процент Бугари не ја одобруваат политиката на Русија

Од:

Според анкетата на „Галуп интернешенл“ спроведена во повеќе земји, бројот на бугарски државјани кои не ја поддржуваат Русија е поголем од оние кои ја поддржуваат.

Според Бугарите, Европската унија останува суперсилата, чии политики се сметаат за најстабилизирачки за луѓето во Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според речиси половината од анкетираните Бугари (49 отсто), политиките на ЕУ ги дефинираат како стабилизирачки, 22 отсто даваат прилично негативни оценки за меѓународните политики на ЕУ, а 29 отсто од Бугарите се двоумат.

Ставот за ефектот на политиките на ЕУ во Бугарија е блиску до европскиот просек.

Според истражувањето, и соседите на Бугарија, исто така, имаат поблагопријатен однос за политиките на ЕУ. Исклучок е Србија, каде секој втор одговор е „дестабилизира“, а една третина гледа стабилизирачки ефект во меѓународните политики на ЕУ.

Најтешко му е на бугарското општество да формира јасен став за влијанието на меѓународните политики на Руската Федерација, бидејќи 37 отсто од анкетираните Бугари веруваат дека „не можат да проценат“, 30 отсто веруваат дека руската политика го стабилизира светот, додека 33 отсто го веруваат спротивното. „Галуп интернешенл“ истражувањето го спроведе на крајот на 2021 година во 45 земји ширум светот и повеќе од 42.000 возрасни граѓани, кои претставуваа околу 2/3 од светската популација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски