Франција се враќа во Регионалниот совет за соработка за активна поддршка на Западен Балкан

Од:

Франција се враќа како активен партнер на Регионалниот совет за соработка(РСС) и таа одлука била донесена во рамките на новата стратегија за Западен Балкан што минатата година ја усвоил претседателот Емануел Макрон, соопшти денеска РСС.

Одлуката за ова и била соопштена на генералната секретарка Мајлинда Брегу на денешниот состанок во Берлин на високо ниво, во рамките на француско-германската иницијатива за контрола на малокалибарското и лесното оружје, со која претседаваа германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и францускиот министер за Европа и надворешни работи Жан Ив ле Дријан.

„Подготвени сме да учествуваме во работите на РСС посебно во областите на инвестициите, поврзувањето и безбедноста“ на Западен Балкан, соопштил ле Дријан

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано