(ФОТО) Српски свештеник: На владиците не им требаат луксузни автомобили

Од:

Најстариот свештеник во Српската православна црква, Михаило Газивода кој има точно 100 години, тврди дека за својата долговечност нема никаков посебен рецепт.

Тој е роден на 20-ти септември 1914 година, а како што вели добро се сеќава на четничкиот војвода Павле Ѓуришиќ од училишните денови. На 25-годишна возраст го добил чинот свештеник, по што својот живот го посветил на проповедање на десетте божји заповеди и спротивставување на неправдата.

mihail-gazivoda1

Во текот на 75-годишната служба бил сведок на многу промени во црквата и црковниот живот, поради што нагласува дека религијата може и треба да оди во чекор со времето, но дека треба строго да го чува своето догматско учење и дека човекот треба да отстапи од времето кое оди против него.

Протоерејот Газивода не е приврзаник на помодарството, особено кога се во прашање џипови и скапи автомобили кои одредени свештеници и владици ги возат.

mihail-gazivoda2

-Кога јас станав свештеник, автомобил немаше ни за лек. А и денес да ми дадете стотина најмодерни автомобили, само ќе ви се заблагодарам. Тоа не и користи на цркавата. Таа ја изгуби својата сила, неа ја држи авторитетот на Господ и светителите. Но секое време го носи своето бреме -рече Газивода.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија