ФОТО: Протести во Сараево и други градови во БиХ заради лошата положба на жените

Од:

Активистки од босанската феминистичка фондација „Цуре“, по повод Денот на жените-8 март, организираа протестни настани во Сараево и уште 10 градови во Босна и Херцеговина заради лошата положба на жените во земјата, пренесе агенцијата Анадолија.

Сакаме солидарноста, ненасилството и мирот да бидат секојдневие за сите граѓани и граѓанки на Босна и Херцеговина, беше основната порака на протестот.

protst-8mart

Десетици жени прошетаа по улиците на Сараево со транспаренти „Сакам секој ден да е 8 март“, „За среќен живот без насилство“, „Не ми купувај цвеќе, можам да го направам и сама“.

protst-8mart1

-Ние не го празнуваме 8 март, туку само го одбележуваме. Сакаме да го свртиме вниманието на јавноста во БиХ врз се уште тешката положба на жените, особено на помладите. За нас нема место во извршната и законодавната власт, подложени сме на дискриминација и насилството врз жените, како физичкото, така и психичкото и економското, постојано нараснува, изјави Јадранка Миличевиќ од фондацијата „Цуре“.

protst-8mart2

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина