ФОТО: Нови судири меѓу демонстранти и полицијата во Истанбул

Од:

Истанбул синоќа стана арена на нови судири меѓу демонстрантите и полицијата. Силите на редот употребија водени топови и солзавец за да ги растераат демонстрантите, кои се обидоа да дојдат до паркот Гези и до плоштадот Таксим.

Демонстрантите влегоа во судир и со сопственици на продавници, незадоволни дека повеќенеделните протести им наштетиле на нивниот бизнис.

demonstrantgezi

Конкретен повод за синоќешните протести беа измените на законот, усвоени во средата во Парламентот, според кои беше одземено правото на Сојузот на коморите на турските инженери и архитекти да одобруваат градежни проекти. Според критичарите, мерката е обид да биде „казнето“ здружението, чии членови се спротивставија на плановите за реконструкција на паркот Гези.

geziistanbul-10

Првично малите демонстрации против планирањето на реконструкција на паркот Гези, што започнаа на крајот на мај, прераснаа во масовни протести во јуни во цела Турција против владејачката происламистичка партија Партија на слободата и напредокот на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

geziistanbul-102

Турскиот суд го укина проектот за реконструкција на паркот Гези. Владата, меѓутоа, може да ја обжали одлуката.

Паркот Гези, кој беше затворен за посетители, откако принудно беше испразнет од полицијата на 15 јуни, одново беше отворен во почетокот на седмицата. Демонстрациите во него остануваат забранети.

geziistanbul-130

Би можело да ве интересира

Најмалку пет лица загинаа во експлозија на гас во Измир, повеќе од 60 се повредени

(ВИДЕО) Eксплозија во Турција, четири лица загинаа, над 20 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шумски пожари во Турција: Евакуирани гости на два хотели во областа Кушадаси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски