(ФОТО) Нова теорија: Кој навистина бил Јосип Броз Тито?

Од:

Момчило Јокиќ, книжевник, публицист, новинар и автор на сензационалната книга „Тајно досие-Јосип Броз“ тврди дека открил многу факти за маршалот, кои се уште не се објавени. Многу од нив звучат неверојатно.

-Тито беше вонбрачно дете родено од „големата љубов“ на угледната полска грофица Марија, која со бракот добила имот близу Сегедин и управник, Франц Амброз, кој чувајќи ја честа на вдовица му обезбеди на своето дете исклучително образование и третман. Таткото, својот млад интелектуален син, ќе го признае дури кога ќе треба да тргне во војска-тврди овој писател.

Тој открива дека замена на идентитетот на Јосип Амброз, подоцна Тито, се случила во март 1913 година, кога Јосип Броз починал, а неговата животна биографија ја презел виталниот Амброз, колега од воено-известувачкиот училиштен сектор на гарнизон во Печуј, Австроунгарска монархија.

titoss (2)

Во интервју кое што е објавено на поралот „Геополитика“, Јокиќ открива како дошол до овие сензационални откритија.

-Моите истражувања започнаа во далечната 1968 година, онаа незаборавна година на студентските немири ширум Европа. Знаев многу неверојатни факти поврзани со Броз, но никој не се осмелуваше да зборува за дел од вистината. Вистината никој не ја знаеше. Одлучив, полека и тајно да истражувам и да го составам мозаикот од осознаените факти, да ги разгледам далечните документи од архивата на Европа, бидејќи нашите за таа тема беа челично затворени.

Така првин се создаде мојата книга: Кој е Јосип Броз? Одлучив за вистината да ја понудам својата глава, во име на сите невини жртви и оние идеалисти, револуционери, кои веруваа во новата „зора на човештвото“, а кои заминаа во гробови, не знаејќи кој им е лидер и за какви цели умираат.

titoss (3)

Мојата книга „Тајно досие на Јосип Броз“ даде повеќе одговори на мистериозната биографија и дело на Јосип Броз. Книгата во прва варијанта требаше да се појави во далечната 1974 година, во мај пред конгресот на Сојузот на комунисти на Југославија, само месец по тајно одржаниот Конгрес на обновна на илегалната Комунистичка партија на Југославија, кој е одржан на 6-ти април.

Ние сме уапсени и лишани од слобода, како непријатели на народот и рушители на уставниот поредок на самоуправната Титова Југославија. Со наредба на сојузниот обвинител на СФРЈ бевме уапсени истовремено сите учесници на Барскиот конгрес, прва организирана опозициска партија против Броз, како непријатели на народот и луѓе кои што се против Тито.

titoss (1)

На тој начин ги допревме вратите на пеколот и го почувствуваме хуманизмот на „самоуправување“ на црвениот фараон, диктатор кој беше единствен во Европа, кој имаше своја приватна држава, голем ликвидатор во „бели ракавици“, човек со манири на барон, а истовремено австроунгарски поднаредник, крвник од Дрина во Првата светска војна, човек кој работеше за четири тајни служби.

Тоа беше човек со илјада лица, со седум лажни автобиографии, со 77 шифрирани псевдоними, клавијатурист кој го знае Моцарт, лажен машинобравар, голем интригант, вљубеник во власт.

Истиот тој најде плодно тло каде што ќе го одигра најчудниот покер на политичка завера и измама во Европа во 20-ти век. Мајстор од 32 ред, на масонеријата, вонбрачно дете родено од „голема љубов“ на полската грофица кој со бракот добила имот близу Сегедин, син на Евреинот, Франц Амброз и мајка Марија, која чувајќи ја честа на вдовица на своето дете му обезбеди образование и третман, додека татко му Франц Амброз, како Евреин, управник на нејзинот голем имот, се грижел за малиот Јосип, додека растел идниот голем измамник-Јосип Амброз, идниот Броз.

titoss (4)

Далечната 1912 година, додека Србија крвари во Балканските војни, идниот господар на живот и смрт, ќе се најде како питомец во воено-известувачкото училиште црно-жолта монархија во Печуј.

Тука идниот Тито ќе го запознае Мирослав (Леополд) Фридрих Крлежа, големиот хрватски писател, а од тоа тајно и угледно разузнавачко училиште, кое подготвувало шпиони и извидувачи, во истите клупи ќе се најде и несудениот уметник, сликар и архитект Адолф Хитлер. Тој податок ме фрапираше и бев прв од сите истражувачи, кој ја протера лисицата на историјата од јамата на мистериозното време. Подоцна сите беа изненадени и го препишуваа тоа, како „откритие“ од книгата „Тајно досие на Јосип Броз“, која го згогледа првото издание дури во 1992 година.

Знаев дека на својот народ и на останатите народи, можам да им помогнам, само доколку ги спротивставам своите откритија и вистината дознаена од „седум тајни печати“, за да народот конечно сфати, кој е убиец на нивното право на среќа и мир и како српскиот народ го следеше „како покорен слуга“, со чест на исклучоци, лидерот кој што побргу дури и од самиот сатана овој простор на Југославија го претвори во голема касапница, за да биде запаметен како човек, кој што повеќе нема да се роди.

titoss (6)

Мојата книга е замислена како обвинение на Јосип Броз-Амброз, познат како Тито, пред судот на честа и историјата на оваа земја. За жал тој нас прв не зграби, а од сите светски диктатори беше фараонски погребан и побегна од такво судење, оставајќи уште една тајна, каде е навистина погребан.

Така Броз остана мистерија, односно како „најголем син на нашите народи и народности“, а воопшто не беше наш, не е Хрват, а уште помалку дете на Кумровец. Тоа во книгата документирано го докажав, но се уште нашата српска јавност чита дека е роден на 25-ти мај, дека починал на 5-ти мај и слично, но сето тоа е обично, упорна измама на идиотското училиште за измама на својот народ, која се уште трае, за наш срам. Сите стравуваат од вистина, а вистината нема да почине поради сите оние племенити соништа и идеали на невини жртви на оваа држава и нашиот народ. Јас со ова свое истражувачко дело на сите нив им запалив свеќа, која повеќе никој не може да ја изгасне, ниту една власт, генерација.

Замената на идентитетот Јосип Амброз, подоцна Тито, се одигра во март 1913 година кога Јосип Броз почина, а неговата животна биографија ја презема виталниот Јосип Амроз, колега од воено-известувачкиот училиштен сектор на гарнизонот во Печуј на австроунгарската монархија. Хитлер поради болест ќе го напушти училиштето, а Јосип Броз со својата смрт (роден во Виена, како вистински Хрват), без своја волја и знаење, на предлог на началникот на училиштето, Штанцер ќе го „оживее“ повторно Јосип Амброз, подоцна Тито. Тоа е чудесната и единствена замена која што е остварена и како мистерија го следеше нашиот диктатор.

titoss (7)

Зошто е направено тоа? Австороунгарија веќе во 1908 година подготвуваше војна против Србија. Таа со влезот во Босна и нејзината анексија, со благослов на Англија, го отвори својот пат на Исток, а на тој пат чекореше Фрањо Јосиф и германскиот Кајзер заедно. Истовремено прв го открив и податокот за Брозовата улога на Дрина во Првата светска војна. Тој како елитен извидувач на чело на 72 австриски извиднички борци дошол во Мионица, фатил неколку десетици штотуку мобилизирани српски доброволци, ги злоставувал по системот на „живи јазици“ и ги обесил за свето дрво, слива како пример за заплашување на српскиот народ.

Во Втората светска војна ќе дојде на партизанската територија, во улога на самонаречен секретар на Комунистичка партија на Југославија и командант на партизански одред, каде што лично ќе го пречека Милош Миниќ, секретар на окружен германски разузнавач.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но гробот на Тито останува во Белград

Поранешна СФРЈ сè уште е жива во Кочани, титовистите го одбележаа нејзиниот 80. роденден

Ковачевски сака граѓаните да имаат стандард како во времето на СФРЈ: Ќе носам тешки одлуки за ЕУ

A1on

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Продадена зградата на мисијата на СФРЈ во Њујорк за 50 милиони долари, сукцесор е и Северна Македонија