[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Српска хакерска група „Тесла тим“,нападна интернет страната на вуковарскиот факултет „Лавослав Ружичка“, поставувајќи српско знаме со натпис „Јасеновец не смее да се заборави“.
За своето дело, веднаш се пофалиле и со снимка на „Јутјуб“, а под него напишале објаснување, „Ова ви се случува поради кирилица“, алудирајќи на демонстрациите на хрватските граѓани и политичари против воведувањето на двојазичност во Вуковар.
-Хакерскиот напад на хрватски интернет страни ќе продолжи и во иднината – порача „Тесла тим“, а пренесе хрватскиот „Вечерни лист“.