Фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан на наша страна и поблиску до ЕУ

Од:

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен изјави дека го сака Западен Балкан на своја страна и се заложи за паралелни процеси на ревизија и одвивање на пристапните процеси на земјите кандидати.

– Стратешки е апсолутно важно колку е можно појасно да му покажеме на Западен Балкан дека го сакаме на наша страна и оти имаме голем интерес за негово приближување кон ЕУ, порача Фон дер Лајен.

Таа по првиот состанок со новиот тим на комесари нагласи дека одлуката за неотворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија била „стратешка грешка“ на ЕУ.

Претседателката на ЕК оцени дека е важно ЕУ да се држи до идејата за пристапни преговори, но, исто така, е суштински да се слушнат позициите на земјите членки кога станува збор за измените во рамки на тој процес.

– Кога станува збор за пристапните преговори сметам дека треба измените на процесот да се движат паралелно, односно на земјите да им се даде можност да почнат пристапни преговори, изјави Фон дер Лајен.

Би можело да ве интересира

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот