Филе сака да ја „разбуди“ Хрватска

Од:
Брисел сака да ја „разбуди“ Хрватска и да продолжи со зададените задачи за влез во европското семејство.
Штефан Филе во интервју за германското списание „Шпигел“ ја потсетува Хрватска дека  треба да ја заврши домашната задача пред да стане членка на ЕУ следното лето..
Потенцираше  дека извештајот на Европската комисија, кој беше објавен неодамна, претставувал сигнал за будење на Загреб, потенцирајќи дека процесот за присоединување може да биде запрен во секој момент.
„Сакавме да ја разбудиме Хрватска со нашиот последен извештај. Таа треба да ја заврши својата домашна задача во областа на конкуренцијата, судството и основните права“, рече еврокомесарот .
Еврокомесарот истакна дека членките на ЕУ се директно ангажирани во процесот за членство, објаснувајќи дека земјите од Унијата можат, доколку се покаже дека има обврски кои државата не ги исполнила, да го забават или запрат процесот во секој момент.
Филе изрази увереност дека Загреб се наоѓа на вистинскиот пат за влез во ЕУ следната година и ќе ги изврши неопходните подобрувања.

Би можело да ве интересира

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

Трагедија во Хрватска: Три деца загинаа во пожар