Филе: Политичките дебати треба да се водат во демократските интситуции

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе кој вчера престојуваше во Тирана упати силна порака до опозицијата, која ја бојкотира работата на парламентот, дека „во една зрела демократија поличките дебати треба да се водат во демократските институции“.

По средбите со претседателот на Парламентот, Илир Мета, лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша и премиерот Еди Рама, тој побара опозицијата да се врати во парламентот, нагласувајќи дека и владејачката партија и опозицијата мора да разберат дека политчкиот дијалог е неопходен за интеграција на земјата во ЕУ.

-Владата да ги преземе сите мерки за соработка и дијалог со опозицијата, во интерес на развојот и интеграциите во Албанија. Посетата на папата Франциско на Тирана е потврда дека во земјата верската толеранција е на високо ниво, а таква клима треба да постои и меѓу политичката класа -изјавил Филе.

На констатацијата на Филе дека Владата мора да ги спроведе сите реформи кои се бараат од ЕУ, премиерот Рама искажал подготвеност од страна на владата за реализација на барања на опозицијата, но оти за тоа таа треба да биде присутна во парламентот.

На тркалезната маса на која присуствувале и пратеници од опозициска демократска партија, Филе бил сведок на вербален инцидент. Имено, демократот Арбен Ристани го нарекол албанскиот премиер Еди Рама „премиер-уличар“ откако тој при претставувањето на пратениците рекол дека некои присутни пратеници од опозицијата се и затвореници.

Арбен Ристани е поранешен претседател на Централната изборна комисија на Албанија.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Земјотрес ја погоди Албанија

Горан Наумовски

УЕФА ја казни Албанија