Филе: Платформата за пристапните преговори со Србија е речиси завршена

Од:

Изработката на преговарачката рамка за пристапните преговори со Србија е речиси завршена и очекувам „скринингот“ да почне веднаш по летната пауза, изјави синоќа Европскиот комесар за проширување Штефан Филе.

Европската комисија денеска треба да достави предлог за преговарачката рамка до надлежните служби за консултации.

Филе посочи дека повеќемесечниот процес на согладување на ситуацијата пред отпочнување на преговорите ќе почне веднаш по летните одмори.

Тој најави и дека следната недела во Белград ќе пристигне заменик-директорот за проширување Јост Корте, за подготовките за скринингот.

Корте доаѓа на местотот на Стефан Санино, кој е именуван за шеф на италијанската мисија во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија