Филе: ЕУ не сака поделба на Косово

Од:

„Споменувањето на територијалниот интегритет нема никаква врска со статусот на Косово, Европската комисија во својот извештај јасно  кажа дека таа и понатаму останува со  неутрален статус,  изјави за РТС, еврокомесарот Штефан Филе.

“Нашето  барање  само значи дека ние не сакаме поделба на Косово”, рече европскиот комесар за проширување.

Филе денеска во Белград  на состанокот на Комитетот за европска интеграција на Европската комисија ќе го претстави извештајот. Извештајот ќе  го добијат претседателот на Србија, Томислав Николиќ, и премиерот Ивица Дачиќ, кој изјави дека  ќе побара Фуле да објасни  во  врска со споменувањето на територијалниот интегритет на Косово во ЕУ документите.

Филе не сака да ги коментира изјавите на премиерот Ивица Дачиќ, но рече дека во разговорот ќе се разјасни состојбата.

Комесарот на ЕУ рече дека дефиницијата на нормализација  на односите,  подразбира  обезбедување на можности за двете страни да се движат кон ЕУ паралелно,  без блокирање на патот.

Филе вчера во Брисел го презентираше годишниот извештај  за напредокот на Србија во европските интеграции.

Српскиот премиер, Ивица Дачиќ, рече дека барањето  од Европската комисија,  Србија  да го почитува територијалниот интегритет на Косово му се заканува  се заканува на дијалог Белград – Приштина.

 

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија