ФЕРПА: Им се одземаат неотуѓивите права на пензионерите во Србија

Од:

Генералниот секретар на Европската федерација на синдикатите на пензионери и возрасни лица (ФЕРПА) Бруно Константи му испратил писмо на српскиот премиер Александар Вучиќ во кое изразува неверување поради намалувањето на пензиите во Србија, оценувајќи дека на тој начин им се одземаат неотуѓивите права на пензионерите кои ги стекнале со својот минат труд.

– Со неверување и зачуденост дознавме дека Владата во Србија предложила усвојување на закон со кој пензиите над 200 евра селективно ќе се намалуваат, со што на еден дел од пензионерската популација им се одземаат правата кои ги стекнале со работа, а од друга страна се уништува пензискиот систем, наведува Константи во писмото.

Согласно принципите на ЕУ, со цивилизациски и европски вредности, ФЕРПА ги поддржува активностите на Здружението на синдикатите на пензионери, кои од Уставниот суд побарале оценка за уставноста на законот со кој се намалуваат пензиите.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија