Фатени шверцери на марихуана, со рибарски чамец ја пренесувале во Македонија од Албанија

Од:

Припадници на полицискиот комесаријат од албанскиот град Корча спречиле шверц на марихуана со рибарски чамец, од Албанија во Северна Македонија преку Охридското Езеро.

Уапсени се четири лица, браќата А.Т.(51) и А.Т.(43) жители на селото Пискупат, како и Р.С.(45) и Т.Б.(53) жители на Лин.

– Според сознанијата од едномесечната истрага, делувале како група, а марихуаната, пред да ја транспортираат во Северна Македонија, ја складирле во близина на мрестилиштето за коран, во Подградец, каде биле вработени двајца од уапсените. Потоа со рибарски чамец ја транспортирале преку езерото на македонска територија, стои во полициското соопштение.

Во акцијата „Рестарт 15″ запленети се 26 килограми марихуана, рибарски чамец, две патнички моторни возила и четири мобилни телефони.

За транспорт на дрогата наплатувале по 500 евра по килограм.

Ова е последователна, петнаесетта по ред, успешна акција на полицијата во рамки на операцијата „Рестарт”, во спречување шверц на марихуана од албанска на македонска територија преку Охридското Езеро.

Според полицијата, во соработка со македонската полиција, се работи на откривање и изведување пред лицето на правдата на останатите лица вклучени во оваа нелегална активност.

Би можело да ве интересира

На преминот „Блато“ спречен шверц на десетици дози кокаин

OJO бара притвор за скопјанецот кој имаше „лабораторија“ за производство на марихуана и хашиш

(ВИДЕО) Претрес во Скопје, откриена лабораторија за производство на марихуана

Двајца македонски државјани вмешани во шверц на марихуана од Албанија за Косово

(ВИДЕО) Фудбалер на албанскиот клуб Игнатија почина на терен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Албански пратеник активираше димни бомби, говорницата беше блокирана со столчиња