Фајон: Несогласувањата во ЕУ ја блокираат суспензијата на безвизниот режим за Западен Балкан

Од:

Во ЕУ постои загриженост поради приливот на лажни азиланти од земјите на Западен Балкан, но поради несогласувања во рамките на Унијата засега не треба да се стравува од суспензија на безвизниот режим, изјави словенечкиот европратеник Тања Фајон.

– Европа и натаму изразува загриженост поради големиот прилив на лажни азиланти од Србија и другите земји од Западен Балкан. Но, поради внатрешните несогласувања во ЕУ на релација Европски парламент – Европска комисија – Европски совет, не треба да се грижиме дека наскоро е можно повторно воведување на визи, изјави Фајон во интервјуза денешниот број на белградскиот весник „Вечерње новости“.

Фајон нагласува дека меѓу институциите на ЕУ се преговара за механизам за времена суспензија на безвизниот режим врз основа на документ предложен од Еврокомисијата пред три години, но дека засега на повидок не е никаков договор.

– Минатата недела повторно имавме тројни разговори, но не успеавме да утврдиме заеднички став… Тешко е да се каже дали воопшто и ќе можеме да постигнеме договор, додава Фајон.

Според неа, има неколкуспорни прашања за кои се преговра, како на пример она колку години по укинувањето на визите за една земја, некоја држава-членка може да побра суспензија на тој безвизен режим.

– Парламентот предлага три години, а Европската комисија дури седум.

– Земјите-членки вршат голем притисок. Бараат што е можно побрзо усвојување на мерки, врз основа на кои би можеле да воведуваат времена суспензија на (безвизниот режим) за која било трета земја, не само за државите од Западне Балкан, потензира Фајон.

Би можело да ве интересира

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа