Фајон: Изборното законодовство на Србија не е усогласено барањата на ОБСЕ

Од:

Претседателката на Комитетот за стабилизација и асоцијација на Европскиот парламент (ЕП) со Србија, Тања Фајон, денеска во српското Собрание како дел од делегацијата на ЕП, ќе посредува во вториот круг на меѓупартискиот дијалог за изборните услови, јави дописникот на МИА од Белград.

Фајон за „Вечерње новости“ изјави дека прво одвоено ќе се разговара со опозицијата и со претставниците на власта, а потоа на заедничка средба двете страни би ги искажале своите ставови за ситуацијата и ќе можат заедно да дојдат до взаемно прифатливо решение што ќе доведе до нормални одвивање на изборите и враќање на опозицијата во парламентот.

Таа изјави дека иако постои напредок, сегашното изборно законодавство на Србија не е усогласено со барањата на набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Евеопа (ОБСЕ) за изборите.

– Не само што не е усогласено, туку е проблем во спроведувањето. Првенствено, медиумското претставување на сите страни не е еднакво. Ова е голем проблем, бидејќи слободата на медиумите е еден од главните елементи на владеењето на правото на државите што се стремат кон членство во ЕУ. Исто така е важно да се има појасна структура за финансирање на политичките субјекти и за изборните кампањи, кажа Фајон.

Како што рече, забележително е дека двете страни имаат различни ставови за изборите.

– Јас не би се согласила целосно со ставот на властите дека претходните избори беа со исти законски услови, токму затоа што опозицијата не ги бојкотираше последните избори, посочи Фајон.

Според неа има добри шанси ЕП да испрати набљудувачка мисија на изборите, но дека сè уште не е се решено, бидејќи Србија прво треба да побара присуство на мисијата за да може да се направи ова да е воопшто изводливо.

Делегацијата на ЕП веќе ги почна разговорите во Белград, со претседателот Александар Вучиќ, на кои, според кусото соопштение од неговиот кабинет „разговарано е за сите важни прашања и забелешки на дел од вонпарламентарната опозиција на изборните услови и процедури во Србија“.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он