Европскиот парламент го поддржа воведувањето на еврото во Хрватска

Од:

Европскиот парламент во Стразбур денеска со големо мнозинство гласови го поддржа пристапот на Хрватска во еврозоната.

Европскиот парламент со 539 гласа од 632 присутни претставници, 45 против и 48 воздржани, го прифати извештајот за воведувањето на еврото во Хрватска на 1 јануари 2023 година, во кој се оценува дека Хрватска ги исполнува сите критериуми за влез во еврозоната.

Пред приемот на членката на ЕУ, Европскиот парламент дава мислење за препораката на Комисијата, а последниот чекор ќе биде усвојување на предлогот на состанокот на Економско-финансискиот совет на ЕУ на 12 јули. Претходно, влезот на Хрватска во еврозоната беше поддржан од Европскиот совет.

Од следната година еврото ќе стане официјална хрватска валута.

Со прифаќањето на еврото, Хрватска се приклучува на Евросистемот, кој се состои од Европската централна банка и централните банки на земјите-членки на еврозоната, а гувернерот на Хрватската народна банка се приклучува на Управниот совет на Европската централна банка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бока: Европскиот парламент повторно ја нападнал Унгарија

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки