Европската комисија ја предупреди Албанија да се откаже од проектот со златниот пасош зашто ги ризикува визите

Од:

Албанија треба да се откаже од спроведување на програмата за Златен пасош позната и како „шема за државјанство на инвеститори“ и да ја укине правната основа за таква програма со примена на нови измени во Законот за државјанство.

Оваа е препорака од Европската комисија во нејзиниот петти извештај во рамките на механизмот за суспензија на визите, во кој посочува дека напредокот во ваквата програма може да доведе до суспензија на визниот режим.

Оваа препорака доаѓа откако вчера почна продажба на станови и за потенцијалните странски купувачи во проектот „Marina & Yachts of Durrës“ за што се очекува да се донесе посебен закон за да им се даде државјанство.

-Воспоставувањето шема за државјанство на инвеститори би било спротивно на препораките дадени во четвртиот извештај според механизмот за суспензија на визите и пакетот за проширување во 2021 година. Според процените направени од Европската комисија, програмата за државјанство на инвеститори би можела да послужи за заобиколување на процедурата за виза за краток престој во Европската унија, што претставува потенцијален миграциски и безбедносен ризик, стои во извештајот, јави Ора њуз.

Европската комисија неколкупати ги повика властите во Албанија да не започнуваат ваква шема бидејќи може да доведе до вмешаност во многу незаконски афери како што се перење пари и други незаконски афери.

Шемата Златен пасош им овозможува на богатите странци кои финансиски придонесуваат во Албанија и исполнуваат специфични услови да добијат државјанство во оваа земја. Сепак, често има критики дека оваа шема е отворена врата за многу незаконски афери.

И покрај препораките на Европската комисија, властите во Албанија претходно нагласија дека нема ништо загрижувачки за спроведувањето на оваа шема.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Фашисти, евтини бугарски проститутки“: Навредите кон македонските Бугари влегоа во извештајот на Европската комисија

Орце Костов

МНР ги повикува Македонците во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност на претстојниот попис

Во пресрет на пописот во Албанија: Јотова ќе се сретне со Бугари во Голо Брдо кое е населено само од Македонци

Орце Костов

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Реконструкција на албанската влада, меѓу новите министри и еден Македонец

Италијанци избегале од ресторан во Албанија, премиерката Мелони ја плати сметката