Евакуирани гостите во Тухељски Топлице, неколкумина завршиле во болница

Од:

Сите посетители на базенот во Тухељски Топлице во хрватско Загорје се евакуирани поради испарување на засега непознат агенс. Луѓето се евакуирани, а повеќето се пожалиле на респираторни и кожни проблеми, дури и изгореници, информираат од Центарот 112.

Во Центарот 112 во Крапина не можам да потврдат дека станува збор за испарување на хлор, како што пренесуваат некои медиуми.

Засега се знае само дека станува збор за „некоја материја која доставувачот ја посипал околу базенот, а не во самата вода од базенот“.

Сите екипи на Итната медицинска помош на Крапинско-загорската жупанија се на терен. Во бањата пристигнаа пожарникари, полиција и инспектори за заштита на животната средина и санитарна инспекција.

Началникот на забочката болница Тихомир Ванчина рече дека во болницата има осум пациенти и дека никој не е во опасност.

– Кај нас во моментов се осум пациенти, доаѓаат уште тројца. Никој од нив не е опасен по живот, а сите имаат респираторни проблеми, некои се многу исплашени – изјави директорот на болницата Тихомир Ванчина.

Би можело да ве интересира

Струга доби затворен пливачки базен после две децении

Орце Костов

Труење со хлор во базен во хотел во Охрид: Седуммина од кои две деца се во болница

ВИДЕО: Нападнатата жена на базенот во Штип пријавила во полиција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тепачка на базен во Штип, боксови, клоци, кубење за коси, мажи и жени

Предраг Петровиќ

Снема струја, па осум деца кои се бањаа во базен се затруени со хлор

22-годишно момче од Шпанија се удави во базенот во Битола

А1он