„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Од:

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (Корепер) донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ по поглавја, со што би била одвоена од земјава на европскиот пат, тврди бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ.

ЕУ донесе одлука за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија во пакет во јули 2022, по што двете земји го спроведоа скринингот, но понатамошниот преговарачкиот процес по поглавјата беше запрен – за земјава поради неисполнувањето на преземената обврска за промена на Уставот, а за Албанија поради блокада од Грција, по приведувањето на кандидатот за градоначалник на албанскиот град Химара, Фреди Белери, етнички Грк, под обвинение за поткуп на гласачи пред изборите. Белери, кој во меѓу време беше избран за европратеник од Грција на изборите во јуни, беше ослободен од притвор за да може да го заземе своето место во Европскиот парламент.

Сепак сега, како што тврди „Еурактив“, Албанија на 15 октомври ќе одржи Меѓувладина конференција со ЕУ, на која ќе ги отвори преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“, во кој се вклучени и поглавјата Набавки, Статистика, Судство и Основни права, Правда, Слобода и Безбедност и Финансиска контрола.

– Ова е добра вест за Албанија во нејзините напори да ги исполни барањата за напредок на нејзиниот пат кон ЕУ, но е назадување за Северна Македонија, која уште еднаш не успева да го направи решавачкиот чекор кон пристапувањето во ЕУ, додава „Еурактив“.

Би можело да ве интересира

Што има во прашалникот што Трамп го испратил до европските созјузници

Катерина Ѓуровски

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

ВИДЕО: За Европа нема место во преговорите за Украина, Зеленски повика на формирање европска армија

Катерина Ѓуровски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Европската унија ќе чека објаснување, ако треба експресно ќе одговори на царините на Трамп

Катерина Ѓуровски

Трамп повторно се закани со царини за Европската унија