ЕУ и странските дипломати со апел мирно да се протестира во Тирана

Од:

Пред почетокот на големиот потест на опозицијата мисијата на Европската унија и странски амбасади во Тирана, упатија апел да се протистира на мирен начин и повикаа страните да седнат на дијалог.

-Иако целосно го почитуваме основното право на албанските граѓани да протестираат, ја повторуваме важноста на остварувањето на ова право на регуларен и мирен начин. Ни една форма на поттик на насилство не се толерира и одговороста паѓа врз организаторите на протестот. Властите исто така носат одговорност да делуваат со воздржаност и во случај да бидат провоцирани,стои во апелот.

Се додава дека постојано упатува апел до сите страни под итно да се анагажираат на еден конструктивен дијалог за надминување на актуелната политичка криза.

Се огласија и амбасадите на Германија, Велика Британија и Италија, со апел да се протестира на мирен начин што е демократско право а од органзаторите бараат да се откажат од употрба на експлозивни средства.

Тие осудуваат акти на насилство на протестите и посочуваат дека одговорноста на органзаторите на протестите е да обезбедат безбедност за учесниците и другите жители на Тирана.

И тие го повторуваат апелот до власта и опозицијата да седнат на дијалог.

Амерканската амбасада во Тирана уште од вчера откако потсетува на насилството на изминатите протести, употребата на солзавец и водени топови, своите државјани ги советува да ги избегнуваат местата каде што ќе се протестира.

Инаку, илјадници граѓани од сите делови на Албанија веќе пристигнуваат во Тирана. Според организаторите само од внатрешноста на протестот ќе присуствуваат над 70.000 граѓани.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек