Еруард Кукан: Дијалогот Белград-Приштина можно е да продолжи во понедлник или вторник

Од:

Тоа што Србија го отфрли договорот понуден од Брисел не е ништо лошо и сега е најважно тоа што дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе продолжи, според некои неофицијални информации можеби уште во поноделник или вторник, изјави претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за Југоисточна Европа, Едуард Кукан.

Во интервју за денешното издание не белградскиот весник „Курир“, Кукан нагласува дека очекувањата од последната осма рунда од преговорите меѓу Белград и Приштина за клучното прашање – „надлежностите на српските општини во Косово“, биле големи, но дека тоа што не е постигнат договор не претставува неуспех „ниту на српската Влада, ниту на европската дипломатија“.

– Мислам дека е подобро да биде постигната спогодба што ќе биде трајна и одржлива, отколку да се договори нешто како резултат на посточекиот притисок, додава Кукан.

Тој нагласува дека „неофицијално слушнал“ оти преговорите меѓу Белград и Приштина би можеле да бидат продолжени „во понеделник на 15 април или во вторник“.

Според него, нема ништо лошо во тоа што Србија го одби договорот со Приштина понудан од ЕУ во момент кога очекува да добие датум за почеток на преговорите за членство во Унијата.

– Важно е да ги браните своите позиции, но со аргументи, потанцира Кукан, додавајќи дека нема да биде никаква трагедија ако Србија во јуни не добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски