ЕРТ и натаму не емитува програма во етерот, владините партнери преговараат за нејзината судбина

Од:

Програмата на грчката државна телевизија ЕРТ ни денеска не се емитува во етерот, иако таа може да се следи преку интернет, а за тоа време грчкиот премиер Андонис Самарас уште еднаш ќе се обиде да преговара со коалициските партнер за да избегне политичка криза по контроверзната одлука за исклучување на сигналот на јавниот сервис.

Самарас дебеска би требало повторно да се состане со лидерите на ПАСОК и на Демократската левица (ДИМАР), по разговорот од пред два дена кога не беше постигнат договор за судбината на ЕРТ.

Сигналите на каналите на државната телевизија и радио беа исклучени пред осум дена, откако Владата реши ЕРТ привремено да престане да работи во рамките на мерките за штедење што ги бараат меѓународните кредитори.

Коалициските партнери на Самарас на се согласуваат за затворањето на ЕРТА и барааат таа веднаш да го возобнови емитувањето на програмите.

Пред два дена Државниот совет, највисокото правосудно тело во Грција, ја отфрли одлуката на Владата за затворање на ЕРТ и нареди таа повторно да почне со емитување на програмата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во супермаркет во Грција, едно лице загина, а друго е повредено

Горан Наумовски

Поради високите температури на Грците им е забрането да работат надвор: Казни од 2.000 евра

Исчезна Американец на грчки остров, по туристот е организирана голема потрага

Грција ги затвори училиштата и стави клуч на Акропол поради екстремните температури

A1on

Запалена куќата на чичкото кој си ја уби внуката, се обидел да има односи со неа, кога го одбила, ја избодел со штрафцигер

Герапетритис утре во Скопје за министерскиот состанок и самитот во рамките на ПСЈИЕ