Ердоган: Во Либија има сириски милитанти

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган првпат го призна присуството на протурските сириски милитанти во Либија, каде ги поддржува силите од меѓународно признатата влада во Триполи, пренесува Анса.

Ердоган рече дека „на терен има припадници на Сириската народна армија“.

Тој додаде дека либискиот генерал Калифа Хафтар сака Турција да ја напушти земјата и го прашал „зошто не се зборува за руските сили од 2.000 лица кои го поддржуваат Хафтар“.

Ердоган повтори дека Хафтар нема легитимитет за Турција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Ердоган: Протестите за апсењето на Имамоглу се претворија во насилно движење

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ