Ердоган: Во 2017 година е можен референдум за членството на Турција во ЕУ

Од:

Следната година Турција може да одржи референдум за тоа дали да ги продолжи преговорите за членство во Европската Унија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, повторувајќи го предупредувањето до Брисел дека мора да „донесе одлука“ за турското членство, јавија британските медиуми.

Во говорот што беше пренесуван на телевизија, Ердоган ги повика Турците на трпение, но само до крајот на годината, а потоа кажа дека постои можност да се одржи гласање за членството на неговата земја во ЕУ.

Исто така, рече дека ќе го одобри воводувањето на смртна казна доколку Парламентот го усвои законот за тоа, додавајќи дека и тоа би можело да биде референдумско прашање.

Британските медиуми оценуваат дека воводувањето на смртната казна во Турција веројатно ќе ја закопа секоја надеж за членството на Турција во ЕУ.

Се очекува следната пролет Турција да го одржи националното изјаснување за уставните измени, со кои ќе се засилат овластувањата на претседателот за конечно да се воспостави претседателски систем по угледот на американскиот или францускиот модел, заклучуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Ердоган: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел