Ердоган упати критики кон ОН

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати критика кон Обединетите нации поради нивното барање Турција да ја отвори границата за новите десетици илјади сириски бегалци и ги обвини ОН за неефикасност.

Високиот комесар на ОН за бегалци вчера ја повика Турција да им дозволи влез „на сите цивили, кои бегаат од опасност и бараат меѓународна заштита“.

Ердоган наведе дека ОН и дале 455 милиони долари на Турција, која има потрошено 10 милијарди долари за бегалците од 2011 година.

– Што кажуваат ОН? Отворете ги границите за бегалците. Тогаш вие за што сте? Којна ви е функцијата? Ние имаме примено три милиони Сиријци и Ирачани во нашата земја досега. Вие колку сте примиле. Која друга земја ги има прифатено?, истакна Ердоган.

Во граничниот округ Килис Сулејман Тапсаз денеска влегле 12 сериозно повредени Сиријци, од кои еден подоцна починал, а другите се во стабилна состојба. 

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Ердоган: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје