Ердоган: Турскиот народ треба да го зачува мирот во однос на настаните во земјата

Од:

Во своето ново телевизиско обраќање до нацијата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа го повика турскиот народ да го зачува мирот во однос на моменталната ситуација за земјата.

Неговиот говор директно беше пренесуван на телевизијата „Ал Арабија“, пренесе ТАСС.
Ердоган кажа дека бројот на уапсени воени и цивилни лица по обидот за преврат во Турција изнесува 13.156, а меѓу нив 126 се генерали.

Турскиот претседател даде збор дека ќе ги исчисти сите државни структури од приврзаниците на исламистот Фетула Ѓулен, кого властите ги посочија како одговорниот за организирање на метежот.

-Земјата се спаси од болеста и оди кон заздравување. Турската економија ја задржа својата стабилност  и се развива. Не очекува спроведување на многу нови и важни проекти, рече Ердоган во директноот обраќање до нацијата.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Ердоган: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел