Ердоган: Турција мора да има силна воена морнарица, една од најсилните во светот

Од:

За Турција како земја опкружена со мориња од три страни е неопходност, а не прашање на избор да има силна морнарица. Затоа особено значење придаваме на подобрувањето на нашите поморски сили, како во однос на опремата, така и во однос на персоналот“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган во обраќањето преку видео-порака на завршувањето на големата воена вежба „Сина татковина“ што од 11 април ја спроведе турската воена морнарица во водите на Средоземното и Егејското Море најави континуирани активности за зајакнување на капацитетите на турските поморски сили.

Тој посочи дека преку изградба на нови подморници и развивајќи нови национални оружени системи ќе се работи во насока на јакнење на турската морнарица во една од најсилните сили во регионот и светот.

Истовремено потсети на тоа дека турската морнарица и крајбрежната стража спасиле животи на стотици илјади илегални мигранти во водите на Средоземното и на Егејското Море.

– Нашата армија паралелно со активностите за заштита на нацијата ги спроведува најзначајните хуманитарни кампањи. Добивме светско признание за нашите хуманитарни операции и операции за пребарување и спасување од Украина до Либија и од Африка до Централна Азија, рече Ердоган.

Во периодот од 11 до 21 април турската воена морнарица спроведе големи воени маневри во водите на Средоземното и на Егејското Море, со учество на 122 брода, 41 авион и дванаесет илјади војници.

Ердоган ја оцени „успешна“ воената вежба на која, како што рече била демонстрирана „постојаната подготвеност“ на турската армија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица