Ердоган: Тероризмот е најголем проблем за муслиманскиот свет

Од:

Тероризмот е најголемиот проблем за муслиманскиот свет, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објавувајќи дека земјите-членки на Организацијата за исламска соработка (ОИК) ги усогласиле ставовите за формирање заедничко тело за борба против тероризмот.

Ердоган обраќајќи се на 13. Самит на ОИК во Истанбул изјави дека предлогот на Турција за отварање центар за полициска соработка го прифатиле 57-те членки на Организацијата. 
Турскиот претседател исто така ги повика лидерите да ја поддржат иницијативата на Саудиска Арабија да се воспостави исламска алијанса против тероризмот.

– Повеќето жртви на тероризмот се муслимани, наведе Ердоган, а како извор на срам го нарече тоа што повеќето од оние кои бегаат во Европа се муслимани.

Борбата против тероризмот и мигрантската криза се двете централни прашања, кои се разгледуваат на состанокот на ОИС во Истанбул оваа недела.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Ердоган: Протестите за апсењето на Имамоглу се претворија во насилно движење

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат