Ердоган повторно се заканува со блокада на членството на Шведска и на Финска во НАТО

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган повторно се закани дела ќе го блокира пристапот на Шведска и Финска во НАТО, ако Стокхолм и Хелсинки не ги исполнат барањата на Анкара.

– Турција ќе го замрзне процесот за членство на Шведска и на Финска во НАТО, доколку тие две земји не го одржат ветувањето за антитерористички акции што го дадоа минатиот месец. Шведска досега не остава добар впечаток, истакна Ердоган.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО откако Русија ја нападна Украина, но Турција веднаш се спротивстави на идејата и ги обвини двете нордиски земји дека поддржуваат групите, кои Турција ги смета за терористички.

Потоа, трите земји потпишаа договор на Самитот на НАТО во Мадрид минатиот месец, по што Анкара го укина ветото за влезот на Шведска и Финска во Алијансата, но под услов двете земји да ги исполнат ветувањата поврзани со наводните терористички групи и извозот на оружје.

Турција тогаш најави дека „внимателно ќе го следи“ спроведувањето на договорот пред да го ратификува влезот на Шведска и Финска во НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Ердоган: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел