Ердоган: Нема да го поддржиме шведското членство во НАТО, не ги почитуваат муслиманите и Турција

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Шведска не треба да очекува поддршка од Анкара за влез во НАТО по протестите на антиисламските активисти и прокурдските групи во Стокхолм.
Ердоган го осуди саботниот протест, во кој беше запален Куранот, светата книга на исламот, велејќи дека тоа е навреда за сите, особено за муслиманите, и ги критикуваше шведските власти што дозволија демонстрациите да се одржат пред турската амбасада во Стокхолм.
Тој, исто така, ја критикуваше Шведска за прокурдските протести каде демонстрантите вееја знамиња на различни курдски групи, вклучително и Курдската работничка партија, чии симболи не се забранети во Шведска, иако е означена како терористичка група во ЕУ, САД и Турција. .

-Ќе дозволите терористичките организации да дивеат и потоа да ја очекувате нашата поддршка за влез во НАТО. Тоа нема да се случи, рече Ердоган.

Тој додаде дека Шведска „нема да види никаква поддршка“ од Турција за прашањето за влез во НАТО „ако не покаже почит“ кон Турција или муслиманите.

Шведска, како и Финска, аплицираше за членство во НАТО минатата година, напуштајќи ја децениската политика на воена неутралност, откако Русија ја нападна Украина. Турција и Унгарија се единствените две членки на НАТО кои го немаат ратификувано протоколот за пристапување на овие земји во Алијансата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Мицкоски и Ердоган ќе потпишат политичка декларација за основање на Совет за соработка

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ