Ердоган најави интензивирање на економските и политичките врски со Германија

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека на претстојната посета на Германија планира да ги интензивира економските и политичките врски со Берлин.

– Приоритет во агендата за мојата посета на Германија целосно ќе биде напуштање на политичките односи присутни последните години, истакна Ердоган.

Тој додаде дека посетата ќе биде и „чекор кон зајакнување на економските односи на взаемна корист“.

Планирано е турскиот претседател да пристигне во Берлин на 27 септември, а на 29 да го посети Келн.

Односите помеѓу Берлин и Анкара се влошени по обидот за државен удар во Турција во 2016 година, по што се притворени десетици илјади луѓе, вклучително и германски државјани. Тензиите се намалија откако минатите месеци беше ослободен од притвор германски новинар со турско потекло, а исто така му беше дозволено на друг германски државјанин да замине од Турција.

Во Германија живеат околу три милиони Турци, што е најголема дијаспора во светот.

Германските власти оценуваат дека немаат друг избор освен зајакнување на врските со Анкара и покрај загриженоста за кршење на човековите права во Турција.

Поради посетата на Ердоган на Германија синоќа во повеќе германски градови имаше протести. Полицијата проценува дека неколку стотици луѓе учествувале во протестот во германскиот главен град Берлин. Демонстрантите носеа транспаренти со натписи „Ердоган не е добредојден”.

Митинзите беа организирани од коалиција организации против турскиот претседател, вклучувајќи го и курдското здружение.

Во неколку германски градови по улиците се одржаа протестни маршеви на кои имаше од 80 до 200 луѓе.

За петок и сабота се планирани неколку големи протести во Берлин и Келн поради посетата на Ердоган. Се очекува дека ќе бидат присутни околу 10.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија