Ердоган ќе ја намалува невработеноста: Секоја компанија да вработи по еден невработен

Од:

Секоја компанија нека вработи по еден невработен: Тоа е „едноставното“ решение за невработеноста кое го предлага турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесуваат француските медиуми.

Провикувајќи ја главната организација на турските работодавачи, Сојузот на трговски комори и стокови берзи на Турција, Ердоган кажа „ТОББ денеска има речиси 1,5 милиони членови. Доколку секој член сега вработи едно лице, што тоа ќе значи? Тоа ќе значи работа за 1,5 милиони невработени“.

– Сите ние нема парите да ги однесеме во гроб. Ќе останат овде. Кога е така, да им дадеме работа на оние кои немаат, рече турскиот претседател на конференцијата за здравство и безбедност во работата во Истанбул.

„Што може компанијата да загуби? Ќе пропадне ли затоа што вработила едно лице? Не. Напротив, од тоа ќе има полза. Тоа е толку едноставно“, заклучи Ердоган, проследен со одмерен аплауз од директорите на турските компании.

Честопати обвинуван за популизам турскиот претседател предизвикува загриженост во турските деловни кругови со се поголемото мешање во економските прашања, на пример, со повторениот повик до турската Централна банка да ги намали каматите, рескирајќи притоа раст на инфлацијата.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет лица загинаа во експлозија на гас во Измир, повеќе од 60 се повредени

(ВИДЕО) Eксплозија во Турција, четири лица загинаа, над 20 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шумски пожари во Турција: Евакуирани гости на два хотели во областа Кушадаси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски