Ердоган го убедил шефот на бугарската дипломатија да престане да пуши

Од:

За време на Самитот на НАТО во Варшава, што заврши синоќа, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го убедил бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов да се откаже од цигарите, објави весникот „Дејли Сабах“.

Според турскиот весник, по завршувањето на неговата билатерална средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, Ердоган во просторијата предвидена за пушење го забележал минстерот Митов со цигара во раката, по што го убедил да се откаже од таа своја „лоша навика“.

Турскиот претседател му ја земал кутијата цигари на бугарскиот министер и побарал од него да му се потпише на неа, што ќе значи ветување дека ќе престане да пуши, наведува весникот.  

Ердоган важи за голем противник на пушењето, а постојат и гласини дека воопшто не може да поднесе миризба на чад од цигари. Тој е познат и по тоа што често ги убедува своите соговорници пушачи да се откажат од цигарите. 

Турција, која важи за една од земјите каде пушењето е најраспростарнета појава, од 2008 година воведе целосна забрана за пушење цигари во транспортот и во сите затворени јавни простории, како и во отворените зони на државните институции.

Во рамки на борбата против пушењето, дури 80 отсто од цената на цигарите во Турција отпаѓа на акцизи, а забрането е и рекламирање, па дури и покажување на цигари во медиумите.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Ердоган: Протестите за апсењето на Имамоглу се претворија во насилно движење

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат