Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вели дека Европа е во паника поради конфликтот во Украина, пренесува руската агенција Тасс.
„Во време кога нашата земја веќе 11 години успешно се справува со илегалната миграција од Сирија, сведоци сме на паника во Европа поради руско-украинската криза. Се молиме за брз излез од овој критичен период“, рече Ердоган на партискиот конгрес. .
Ердоган пред десетина дена изјави дека Анкара не може да им каже „да“ на земјите што се приклучуваат на НАТО и „го поддржуваат тероризмот“.
Турција ги оспори официјалните барања на Шведска и Финска да се приклучат кон НАТО, тврдејќи дека двете земји кријат луѓе поврзани со милитантните групи како што е Курдистанската работничка партија (ПКК) и други што ги смета за терористички, но и затоа што го прекинале извозот на оружје во Анкара во 2019 година.
„Тие не се ниту чесни, ниту искрени. Не можеме да ја повториме грешката од минатото, кога станува збор за земји кои прифаќаат и хранат такви терористи во НАТО, а знаеме дека ова е безбедносна организација“, рече турскиот претседател.