Ердоган: Чекаме САД да ја одобрат продажбата на Ф-16, па ќе ја пуштиме Шведска во НАТО

Од:

Турција се уште чека САД да одобрат продажба на борбени авиони Ф-16 пред парламентот во Анкара да ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Очекувам нешто од вас“, рече Ердоган при враќањето од Катар, мислејќи на САД. „Одобрете ја оваа (продажба на Ф-16) во вашиот Конгрес и ние ги преземаме овие чекори заедно“, рече Ердоган.

Останува нејасно дали и кога Конгресот на САД ќе постапи по планот. Американскиот претседател Џо Бајден ја поддржува продажбата, но се уште има одредено противење во Конгресот.

Ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО во турскиот парламент се чека од октомври кога Ердоган го испрати, по неколку месеци противење на наводната поддршка на Стокхолм за групите што Анкара ги смета за „терористички“.

Би можело да ве интересира

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Шест лица се уапсени за тројно убиство во фризерски салон во градот Упсала

Трамп повторно им се закани на членките на НАТО

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Афтонбладет: Тројца убиени, убиецот избегал со електричен скутер

Горан Наумовски