Ердоган апси новинари и академици

Од:

Турските власти издадоа налози за апсење на 42 новинари и притворија 31 академик, во рамките на акциите против луѓето кои наводно се поврзани со неуспешниот воен удар, кој неодамна се случи во државата.

Меѓу новинарите кои се барани, е и истакнатата писателка Назли Иличак, која беше критична кон претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопштија турските медиуми. Петмина новинари наводно веќе се притворени.

Досега имаше околу 13 илјади апсења на осомничени лица, кои наводно се поврзани со пучот во Турција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Ердоган: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје