ЕП: Со резолуцијата на Шешељ му се придава значење кое не го заслужува

Од:

Во Европскиот парламент во Стразбур почна расправата за резолуцијата за лидерот на радикалите Воислав Шешељ, а со која се повикува Хашкиот Трибунал да ги преиспита условите под кои привремено го ослободил хашкиот затвореник, додека од Србија се бара да се огради од неговите изјави.

Едвард Кукан претседателот на парламентарната група за Србија на почетокот на расправата изјави дека текстот на резоуцијата само ги зголемува тензиите во регионот, на место да ги намалува.

-Потполно го разбирам лошото влијание на воената реторика и говорот на омраза, меѓутоа со резолуцијата само му се дава преголемо значење на Шешељ. Поради ова се мислам дали воопшто ќе ја поддржам оваа резолуција.

Хрватската пратеничка Ружа Томашевиќ рече дека за оваа тема не би се расправало доколку српската власт веднаш се оградеше од Шешељ и изрази разочарување во работата на Трибуналот, за кој рече дека е „неефикасен и пристрасен“.

За резолуцијата ќе се гласа по едночасовната расправа.

Во нацртот пишува дека Парламентот силно го осудува военото и поттикнувањето на омраза, охрабрувањето за територијални претензии и обидите Србија да скршне од европскиот пат.

Освен тоа се предупредува и дека провокативните изјави на Шешељ ги отвориле воените рани и дека може да се покажат како јалови напорите за регионално помирување.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он