Експлозија во Требиње: Во близина на болница експлодира бомба со тајмер

Од:

Непознато лице или група постави експлозивна направа до зградата на болницата во Требиње (БиХ), која експлодирала вчера попладне. Според информации, се работи за рачно изработена експлозивна направа на која имало тајмер.

Од експлозијата била причинета материјална штета на зградата на болницата, а работниците на оваа установа и пациентите биле вознемирени од овој настан.

Пристапот до локацијата беше блокиран неколку часа.

Полицијата и надлежниот обвинител спроведоа истрага.

Дежурниот обвинител овој настан го окарактеризира како кривично дело предизвикување општа опасност, за што е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години.

Полицијата кусо соопшти дека за овој случај е надлежно Окружното јавно обвинителство.

Од Обвинителството велат дека по спроведената истрага е утврдена мала материјална штета, дека земените предмети се испратени на вештачење и дека истрагата е во тек.

Би можело да ве интересира

Ученичка од Јужен Велс со нож рани двајца професори и ученик

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Грк починал во битолско казино

Анита Петровска Рајковиќ

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Фатени двајца крадци – едниот крадел во фирма, другиот во приватни домови