„Економист“: Балканци учествуват во војните во Украина и Сирија

Од:

Држвајани на земјите од западен Блакан се вклучени во воените конфликти на потегот од Азовското Море, па до Алепо, што предизвикува загриженост кај нивните влади, кои дури донесоа закони со кои учеството во војни во други држави го прогласија за кривично дело, објави лондонскиот весник „Економист“.

Магазинот тврди дека Срби им се приклучиле на проруските сили во Украина, Хрвати се борат на страна на украинските владини сили, додека повеќемина балкански муслимани војуваат во Ирак и Сирија во редовите на исламистичките групи.

– За Хрватите и Србите украинската војна е реприза на нивните судири од 90-те години на минатиот век, авантура или крстоносен поход, наведува „Економист“.

Според весникот, верувајќи дека водат крстноносна борба, Срби се приклучуваат на мали ултранационалистички групи во Украина кои ја презираат својата Влада, ја мразат ЕУ и се противат на членство на нивната земја во НАТО.

– Исти се и Хрватите во украинскиот баталјон „Азов“, озлогласена единица позната по нацистичките симболи, која привлче доброволци од цела Европа, додава „Економист“.

Според полскиот истражувач Каспер Рекавек, на секоја страна во украинскиот конфликт се борат по околу 300 странски државјани, меѓу нив и стотина Срби и околу 25 Хрвати.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот

(ВИДЕО) Им сечеле глави на кучиња и ги замрзнувале: Страшни снимки од прифатилиште за животни во Србија

А1он

(ВИДЕО) Хорор од Белград го шокираше светот: Уапсен татко кој брутално ја претепа својата ќерка тенисерка на тренинг

А1он

Курти за „Ла Република“: Постои опасност од нова војна меѓу Косово и Србија

А1он

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, не требаше да се случи

А1он