ЕК: Србија и Црна Гора до 2025 ќе станат членки на ЕУ

Од:

Во стратегијата за земјите од регионот подготвена од Европската комисија се наведува дека Србија и Црна Гора е можно да станат членки на ЕУ до 2025 година, а други четири држави да бидат длабоко во пристапниот процес.

Документот насловен „Кредибилна европска перспектива за Западен Балкан“ Европската Комисија ќе го претстави на 6 февруари во Стразбур.

Доколку до 2019 година Србија и Црна Гора ги исполнат критериумите за владеење на правото, што подразбира сериозна посветеност со соочување со реформските предизвици, тие може да станат полноправни членки до крајот на 2025 година.

Предлог-документот ги претставува најоптимистичните сценарија за секоја земја од регионот. Според индикативната временска рамка, 2019 година ќе биде клучна за земјите од Западен Балкан.

Европската комисија верува дека во 2019 година Косово и Србија ќе постигнат севкупна нормализација на односите, а истата година ќе биде важна и за Албанија и за Македонија кои треба да ги отворат пристапните преговори со Брисел, додека Босна и Херцеговина тогаш ќе добие кандидатски статус.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор