ЕК ќе ги презентира извештаите за Бугарија и Романија според Механизмот за надзор

Од:

Европската комисија денеска ќе ги претстави извештаите за напредокот на Бугарија и Романија според Механизмот за верификација и соработка.

Веднаш по приемот во Европската унија на 1 јануари 2007 година на Бугарија и Романија беше воспоставен Механизмот за верификација и соработка, со чија помош се оценува како тие две земји ги исполнуваат своите обврски во областите на правосудството и борба против корупцијата. Во рамките на овој механизмот Европската комисија редовно објавува извештаи.

Механизмот е воведен бидејќи ниту Бугарија ниту Романија во целост не беа подготвени за членство, меѓутоа сепак им е дозволен влез во Европската унија, со тоа што и натаму ќе се следи нивниот напредок во споменатите области.

Според БТА, во извештаите Европската комисија ќе изрази подготвеност за запирање на Механизмот во досегашната форма во следните месеци, доколку бидат исполнети условите. Извештајот ќе содржи оценка за исполнување на препораките кои Комисијата ги даде во 2017 година. Не се очекуваат нови препораки.

Се очекува во извештајот Комисијата да соопшти дека завршил надзорот над Бугарија за половина од показателите и ќе биде нотирано дека земјата ги исполнила барањата за закони за независност и отчетност на судскиот систем, за носење и имплементирање нов закон за судската власт, спроведување стратегија за борба против организираниот криминал, насочување кон тешки кривични дела, перење пари и продолжување на одземање на имотот стекнат со криминална активност.

Бугарската новинска агенција наведува дека во попладневните ќасови Европскиот парламент ќе усвои резолуција во која ќе ја повика Романија да не го менува законодавството на штета на борбата против корупцијата.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна