Еди Рама најави зголемување на минималната плата во Албанија

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама, на средба со жителите на јужниот град Ѓирокастро, зборувајќи за соочувањето со предизвиците на времето, во пресрет на зимата која се „оценува како најтешка зима по Втората светска војна“, најави многу набрзо зголемување на минималната плата.

– Оваа криза дојде без да не прашаат нас. Даваме се од себе за што подобро да се справиме со инфлацијата од војната и ценовната криза. Зголемувањето на минималната плата е итна потреба за справување со поскапувањето и светската криза. Планираме минималната плата многу брзо да достигне 40.000 лека (330 евра), најави Рама.

Од минатиот месец минималната плата беше зголемена за 17 евра и таа сега изнесува 284 евра.

-Треба побрзо да ги зголемиме и платите на државните службеници. Во 2023 ќе имаме двојно повисок буџет споредено со 2013 година. Албанија не е сè полоша и полоша, таа е сè подобра и подобра, но не толку колку што треба. Затоа што претрпевме многу кризи, земјотреси, пандемии, војни и тие успешно ги надминуваме, рече Рама.

Посочи дека Владата работела напорно сите овие години и постигнала многу, но, сепак, додаде дека е далеку од точката каде што треба да биде државата.

Тој го повтори апелот за штедење на електричната енергија, наведувајќи дека земјата потребите не ги задоволува од домашното производсто и оти мора да увезе дел од енергијата.

Според него и доколку сè има полни акумулации на хидроцентралите, само 75 отсто од потребите се задоволуваат, остатокот треба да се увезуваме, поради што Владата се обидува да најде други извори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Да бидеме дел од ЕУ пред да ги спроведеме сите реформи

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето

Рама: Приштина да не презема никакви чекори без консултација со САД

Рама: Историски момент е утрешниот избор на прв премиер Албанец во Македонија

Катерина Ѓуровски

Курти за средбата со Рама и Таравари: Мора да бидеме еден за друг

Рама: Планот за раст на Западен Балкан е голем тест на зрелоста што треба да го поминеме

Горан Наумовски