Еди Рама како претседавач со ОБСЕ се нуди да посредува за решение на кризата во Белорусија

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама, во својство на претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) изрази подготвеност да го посети Минск и да разговора со сите страни вклучени во кризата, јави телевизијата Топ чанел.

Според теливизијата, Рама би отпатувал за Минск заедно со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде, земја која следната година го презема претседавањето со ОБСЕ.

И главните актери на европската политика се движат во иста насока, наведува телевизијата и додава дека пред денешниот вонреден самит на ЕУ за Белорусија, Европскиот совет, Шарл Мишел телефонски разговарал со Рама.

Извори блиски до премиерот Рама за Топ чанел изјавија дека тој во изминатите неколку дена имал интензивни контакти поради кризата во Белорусија и вклученоста на ОБСЕ во неа.

Би можело да ве интересира

Рама: Да бидеме дел од ЕУ пред да ги спроведеме сите реформи

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Белорусија ја обвини Литванија дека ги финансирала силите за соборување на владата во Минск

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија