Еди Рама и Хашим Тачи во посета на Црна Гора

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама и шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи се прогласени за почесни граѓани на Улцин.

За време на денешната свечена седница на Општинското собрание, признанието на Рама и Тачи им го врачи градоначалникот на Улцин Фатмир Ѓека, кој рече дека тие двајца придонеле за сестраните односи на Црна Гора и нивните држави, за регионалната соработка и подобрување на позицијата на Албанците во Црна Гора.

Рами и Тачи, посебно истакнувајќи ги добрите односи кои нивните држави ги имаат со Црна Гора, изјавија дека им е чест што се почесни граѓани на Улцин.

На свечената седница присуствуваше и претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, членови на дипломатскиот кор, претставници од други општини и членови на Парламентот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја