Џозефина Топали ја осуди изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за Македонија

Од:

Поранешната претседателка на парламентот на Република Албанија, Џозефина Топали, во својот говор ја осуди изјавата на премиерот Еди Рама дека неговата земја ќе стави вето за влез на Република Македонија во НАТО.

– Изјавата на Рама е неприфатлива и тоа директно ќе влијае на прашањето за членство на Албанија во структурите на Европската унија. Албанија сè уште не е таква сила да наметнува услови и да го користи правото на вето за членство на друга држава – изјави Топали во парламентот.

Топали реагираше на изјавата на албанскиот премиер, Еди Рама, на Регионалната министерска средба за борба против тероризмот, на која учествуваат министри за внатрешни работи на неколку европски влади, кога тој зборувал за аспирациите на Македонија да стане членка на НАТО.

– За жал, во Куманово, зборовите „тероризам“ и „Албанец“ беа сплотени во обид оваа етничка група да се нарече терористичка. Ова е неприфатливо не само за нас, туку и за македонската држава. Мора да ѝ биде јасно на оваа земја дека Албанците остануваат конститутивен државен играч во земјата. Нема поопасно нешто што може да ни се случи во борбата против тероризмот од употребата на поимот тероризам заради решавање на македонските настани. Мешањето на овие термини ќе биде неприфатливо за нас, исто како и теророт што го преживеаја невините жители на Куманово… Сè што ние сакаме е стабилна Македонија, Македонија во НАТО, но не безусловно или поради воени судири. Македонија не може да стане членка на НАТО без гаранција на Охридскиот рамковен договор – рекол Рама.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек