Џорџ Сорос би можел да влезе во „Кроација Ерлајнс“?

Од:

Американскиот милијардер од унгарско потекло, Џорџ Сорос би можел да влезе во хрватската национална авиокомпанија „Кроација Ерлајнс“, објави загрепскиот весник „Јутарњи лист“. Според извори на весникот, кинеска авиокомпанија, во која Сорос поседува 20 проценти од акциите, неколку пати најавувала дека би можела да ја купи „Кроација Ерлајнс“.

Весникот не го наведува името на кинеската компанија, туку само нагласува дека таа поседува 135 авиони и дека одржува летови до 90 дестинации.

Хрватската Влада планира во октомври по втор пат да се обиде да го приватизира националниот авиопревозник. Пред неколку години беше направен обид за продажба на „Кроација Ерлајнс“, но тој беше неуспешен затоа што на тендерот не се пријави ниту еден кандидат.

Според предлогот за приватизација од евентуалниот купувач ќе се бара продолжување на дејноста, задржување на внатрешните и надворешните летови, докапитализација на компанијата, обнова на флотата и развој на техничкиот оддел на компанијата.

Кандидатот за сопственик на „Кроација Ерлајнс“ кој не е од земја-членка на ЕУ ќе може да купи најмногу 49 проценти од хрватската авиокомпанија, а купувач од Унијата сите сто проценти од акциите.

Би можело да ве интересира

Хрватска по одлуката на Црна Гора: Ја обезвреднувате Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Гори над Дубровник: Пожарот се шири со молскавична брзина

Маж и жена се убиени во Славонски Брод

Горан Наумовски

Познатиот готвач рече дека „Хрватите јадат како свињи“, Хоудек се налути: Тоа е арогантно однесување

(ВИДЕО) Хрват збесна по поразот од репрезентацијата, па го демолираше телевизорот

Горан Наумовски

Ученик во Лика бил незадоволен од оценката, се заканил дека ќе дојде со пиштол во понеделник