Џонатан Мур за протестот во Белград: Снимката што ја видов не докажува употреба на звучен топ

Од:

Џонатан Мур, поранешниот шеф на Работната група на Стејт департментот што го истражува случајот „Хавана синдром“, денеска изјави дека со оглед на неговото искуство, од снимките од протестите на 15 март во Белград заклучува дека не биле користени средства како што е звучен топ.

„Не бев таму на 15 март, но видов неколку видеа. Случајно, јас бев шеф на Стејт департментот за проблемот со „Хавана синдромот“ во име на поранешниот државен секретар Ентони Блинкен. Не сум научник, ниту лекар но кога разговарав со своите колеги кои доживеале напад или што тоа да било, рекоа дека биле соочени со нешто гласно и реагирале како што то го прават децата – ги ставиле рацете на ушите и ги покрииле. Во видеата од протестите на 15 март во Белград, не гледам таква природна реакција. Значи имаше некаков извор на страв или стрес.

Тој илустрира со примерот на паниката што може да настане на места како театрите, бидејќи кога некој ќе каже „оган“, се појавува паника и сите се обидуваат да излезат.

Изјавувајќи дека не знае што точно поседува српската полиција, Мур посочува дека врз основа на снимките од протестите заклучува дека не бил користен уред како звучен топ.

„Напротив, имаше граѓани во голем број и се помина без насилство“, додаде Мур, кој е и поранешен вршител на должноста помошник државен секретар на САД и висок соработник во Атлантскиот совет со долгогодишно искуство на служба на Балканот.

Зборувајќи за самите протести, тој вели дека не сака да ги коментира внатрешните работи во Србија како странец, туку како некој што е на Балканот од 1991 година и кој ги следи балканските прашања повеќе од три децении, забележува дека тие се доказ дека Србија е демократска земја.

„Граѓаните имаат можност да протестираат, да гласаат на избори. Што се однесува до Собранието, може да има нови избори, не знам. Тоа зависи од српските власти. Што се однесува до претседателот на Србија, тој е избран во 2022 година, со огромно мнозинство, со повеќе од 60 отсто од гласовите, или повеќе од 2 милиони граѓани кои гласале за него.

Тој додава дека демонстрантите, особено на 15-ти март, дошле масовно на собирот и дека е многу охрабрувачки што граѓаните, па дури и властите, пред се полицијата, реагирале професионално и мирно.

„Имаше многу луѓе на улиците, важно е да нема насилство“, нагласи Мур.

Тој ја доведува во прашање идната корисност на протестите и вели дека би било добро барањата да бидат малку поконкретни.

„Видов список од пет барања, но ниту една институција, ниту една личност, ниту еден со политичка позиција според српскиот Устав нема овластување да одговори на сите тие прашања. Мислам дека би било корисно за владата, па дури и за дипломатскиот кор, да знае кој ги претставува студентите. Многу е тешко да се сретнеме со илјадници луѓе одеднаш.

Тој повторува дека, се разбира, протестите се доказ дека Србија е демократска земја.

„Додека бев на служба, видов дека властите на некои земји бурно реагираа на граѓанските протести. Морав да ги посетам повредените во болница. Ситуацијата во Србија не е таква“, подвлече Мур.

Во врска со тоа што протестите во последните месеци во Србија не се пријавени до надлежните органи, Мур вели дека, иако големите протести не се толку вообичаени во САД, тие секако треба да се пријават и да имаат дозвола за одржување, особено ако се во главниот град.

„Овде немаше дозвола. Да беа пред Капитол и Конгресот… Не е само прашање дали имаа дозвола, поважно е какво е однесувањето, да нема насилство“, рече Мур.

Тој објаснува дека е потребна дозвола за собирот за да може полицијата да изврши подготовки.

„На пример, за да се обезбеди одговор на Службите за итни случаи. Кога важен дел од градот е блокиран, важно е да се планира за тоа, бидејќи ако некој се разболи, треба да реагирате. Треба да се знае колку луѓе ќе има таму, каде ќе се одржи протестот… Се разбира, има и протести без дозвола, но јас ги почитувам властите кои мора да гарантираат безбедност, мир и демократија“, додаде Море.

Би можело да ве интересира

Кецмановиќ и училиштето мора да исплатат милионски суми на семејствата на жртвите во „Рибникар“

Анестезиолог во ВМА: Тешка е здравствена состојба на повредените од Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Дачиќ го покажа „мистериозниот“ уред: Може да се купи на eBay, батериите не ни работат, и служи како звучник

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Осум пациенти од Кочани кои вчера пристигнаа во Србија се со повреди опасни по живот

„Извинете браќа Македонци“ – реакции од Србија откако Вучиќ се шеташе меѓу пациентите со изгореници

Катерина Ѓуровски

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски