Џаферовиќ: Формирање на војска на РС е опасно по мирот во БиХ

Од:

Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ денеска изјави дека најавата на неговиот српски колега Милорад Додик за пролонгирање на преземање на ингеренциите на државата во областа на армијата и одбраната, е дополнителен запалив чекор, што ја дестабилизира ситуацијата во БиХ.

Џаферовиќ оцени дека Додик мора да ги повлече сите потези што ги презеде во изминатиот период. Тој додаде дека тоа е единствениот начин за обезбедување на мир во БиХ.

– Тоа, меѓу другото, значи прифаќање на одлуката на високиот претставник за суспендирање на Законот за недвижен имот и за запирање на нападите врз Дејтонскиот договор и неговата реформска имплементација, без никакво одложување или пролонгирање, истакна Џаферовиќ.

Тој додаде дека ентитетот ниту сега ниту по шест месеци не може да презема надлежности од државата

Според Џаферовиќ „во најголем интерес за сите е да се запре Додик и на тој начин да го зачува мирот во БиХ“.

– Да се најави формирање на неуставна армија во ентитетот, во ваква тензична ситуација во Европа по руската инвазија врз Украина, тоа може да го направи само човек кој работи за своите интереси и го поткопува мирот. Од најголем интерес за зачувување на Дејтонскиот договор, безбедноста и стабилноста во БиХ и регионот е да се запре Додик бидејќи мирот во БиХ и во Европа е поважен од еден деструктивен политичар, истакна Џаферовиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина