Движењето унгарска надеж бара територијална автономија за Унгарците во Војводина

Од:

Движењето унгарска надеж (ПМН) најави дека ќе се залага за доделување територијална автономија за Унгарците во Војводина, по моделот за српска автономија во Косово, дефиниран со Бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина.

Потпретседателот на оваа партијата на унгарското малцинство во Србија, Зоран Шеќеров, на прес-конференција во Суботица изјави дека со воведувањето територијална автономија за косовските Срби, Србија во својот правен систем го вградува концептот на територијална автономија.

– По принципот на реципроцитет, ние имаме легитимно право да го бараме истото и за Унгарците во Војводина, изјави Шеќеров.

Како што јави Танјуг, Шеќров нагласи дека ПМН ќе се обиде да организира состанок со претставниците на останатите партии на Унгарците во Војводина со цел да се постигне договор за ова барање, како и дека за остварување на барањето очекуваат поддршка од матичната држава Унгарија.

– Барањето територијална автономија е основна точка во програмата на нашата партија и доколку има поддршка од матичната земја, сметам дека оваа идеја ќе биде целосно остварлива и реална, нагласи Шеќеров.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне